Мурињо оди по тенка жица, иако не смее да зборува, го објасни конфликтот со Погба

by
2 минути читање

„Специјалниот“ влезе
во војна со Пол Погба оваа сезона, му ја одзеде капитенската лента, го седна на
клупа и често го критикуваше за залагањето и игрите кои ги прикажуваше.

Ситуацијата стана
толку токсична што Французинот изрази желба да замине. Но Жозе Мурињо беше тој
кој прв го напушти клубот откако доби отказ по серијата слаби резултати, а Пол
Погба се препороди по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер и постигна девет погодока
на последните 15 натпревари. 

Португалецот иако
има клаузула која му забранува да говори за случувањата на Олд Трафорд, тој
продолжува да наоѓа „сиви зони“, и во разговор со беИН Спортс раскажа за
конфликтот и објасни зошто не успеал да го извади најдоброто од фудбалерот.

„Секогаш се
обидувате да најдете решение за пробелемите, но имаше еден проблем за кој јас
не успеав да најдам решение. А тое е следниов: кога играчот игра, го сака
тренерот, кога не игра, не го сака тренерот“
– вели Мурињо.

„Можете да се обидете
да направите нешто, но природата ттешко можете да ја промените“.

„Кога играат,
кога се прв избор, многу ве сакаат. Но дококу не играат, тогаш не ве сакаат
толку многу. Ова се основни работи кои не можете да ги промените“.

„Од друга страна,
си велам дека тоа е исто како во секоја друга работа на светот, кога работите
со луѓе, одредени личности ги сакаме повеќе од другите“.

„Се работи за
карактер, начин на постоење, начин на размислување, со некои луѓе имате повеќе
хемија, емпатија… Тоа е сосема нормално. Затоа одредени играчи се фантастични
кога работат со еден тренер, а не толку добри кога работат со друг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани