Агентот на 29
годишниот Велшанец од редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл, упати жестоки
критики кон навивачите на шпанскиот гигант кои со свирежи го „поздравија“
офанзивецот од Кардиф веднаш штом беше прочитано неговото име во почетниот
состав од спикерот на Сантијаго Бернабеу на Ел Класико.
И не само што
доби свирежи во таа прилика, туку и во текот на целиот меч, како и во моментот
додека излегуваше од теренот за да биде заменет, а агентот Џонатан Барнет јавно
им порача на навивачите на тимот од Мадрид дека се голем срам по тоа што го
сторија.
„Навивачите се
еден голем срам“ рече Барнет во изјава за ЕСПН.
„Тие ќе зборуваат
за него и неговите голови во годините кои претстојат. Медиумите се исто така
еден голем срам, но помалку важни“ заклучи агентот на Бејл.