Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Андреа Пирло е во
преговори за да стане тренер на екипата на Јувентус за фудбалери до 23 годишна
возраст.
Кориере дела Сера
пишува дека Старата Дама има нескриена желба да го постави својот поранешен
фудбалер на кормилото на резервниот тим на таа екипа за идната сезона.
Во моментов Пирло
работи како стручен коментатор за Скај Спорт Италија, каде ги пренесува своите
ставови, но, тој има и тренерска значка зад себе која извесно е дека уште
годинава ќе ја искористи.
Тимот на Јувентус
2 се натпреварува во Серија
Ц, каде речиси има невозможна мисија барем да влезе во доигрувањето за место во
Серија Б.
Пирло во дресот
на Јувентус, каде играше четири сезони (2011-15), забележа 119 настапи на кои
постигна и 16 погодоци.