Изминативе
денови, по победата на Барса над Реал во „Ел класико“, во центарот на вниманието
беше дуелот на двајцата капитени кога кон финишот на првиот дел Рамос со лакт
во глава го удри Меси.
Но камерита
уловија една интересна конверзација од финишот на мечот во која главни актери
беа малдиот Серхио Регилон и двете големи ѕвезди на гостите, Луис Саурез и Лео
Меси.
Откако настана една
мешаница, Луис Суарез се обиде да ги смири страстите но левиот бек
„експлодира“.
„Не ме допира, не
ме допирај“ – му порача Регилон на Суарез, откако Уругваецот го замоли играчот
на Реал да се смири.
Потоа следуваше зајадлив
коментар со кој Регилон му рече на Суарез: „Навистина си грд, ти си грд“.
Ова беше причина
за Лео Меси да се вмеша, кој дофрли нешто од далечина (камерите не го уловија
ова) а Регилон остро му врати: „Што сакаш па ти, пулго?“ (Ел пулго е
прекарот на Меси, и значи болва).
Во една друга акција, Регилон го нарече Суарез и зајак, па фановите на Реал Мадрид се воодушевени од
ваквиот пристап на младиот Шпанец, кој оваа сезона ја искористи
добиената шанса и се избори за стартно место во првиот тим, и тоа на местото на
легендарниот Марсело.
Reguilón me representa! pic.twitter.com/YmVnaL6FNp
— Sergio (@serbioss) March 3, 2019