97
Три големи бода за Челси од Кревин Котиџ, Фулам и под водство на Скот Паркер доживеа пораз, но противникот имаше многу поквалитетни фудбалери.
Кепа Аризабалага се врати на голот на Челси и имаше неколку фантастични интервенции.
Челси поведе во 20. минута со гол на Гонзало Игуаин, но само седум минути подоцна Чемберс го изедначи резултатот на 1-1.
Во 31. минута Жоржињо со прекрасен гол носи ново водство на Челси кое овој пат значеше победа.
Со овој триумф Челси ја продолжува борбата за четвртото место на табелата, а Фулам е препоследен со дури десет бода помалу од првата безбедна позиција на табелата.