„Специјалниот“ синоќа беше стручен коментатор на БеИН Спортс за пресметката на Реал Мадрид и Барселона а по крајот на мечот даде свое видување на многу теми.
Жозе Мурињо ја искористи оваа прилика за да упати многу пофални зборови за стрелецот на единствениот гол Иван Ракитиќ, и испрати порака која многумија ја разбраа како провокација до Пол Погба.
„Пред да заминам, дозволете ми да кажам нешто. Долго време сакам да го кажам ова, Иван Ракитиќ е еден од најпотценетите играчи во светот на фудбалот“ – рече Португалецот.
„Обичо зборуваме за големите имиња, но сакам да финиширам со него. Според мене, Ракитиќ е фантастичен играч во секој поглед. Врши голем дел од дефанзивните задачи по десната страна и компензира за Меси. Не престанува да трча, а кога се има поседот на топката, тој е извонреден, игра едноставно и ефективно“.
„Треба да се подобри само на едно поле, на Инстаграм и социјалните мрежи, бидејќи во денешно време ова е многу важно доколку сака да биде рамо до рамо со најдобрите“.
„Не е многу добар таму, но затоа на теренот е фантастичен“.