Барселона вчера забележа нова победа на „Бернабеу“ и со 0-1 славеше над Реал во Ла Лига. По крајот на мечот големо внимание предизвика дуелот помеѓу Рамос и Меси кон финишот на првиот дел.
Дефанзивецот на Реал со лакт го удри напаѓачот на Барса откако расчисти една топка, па двајцата потоа влегоа во расправија.
Серхио Рамос, кој истакна дека немал намера, во текот на натпреварот му се правдаше на Жерард Пике и му го објасни дуелот, но играчот на Барса не беше убеден од објаснувањето на својот сонародник.
„Усната на Меси беше крвава. Стартот беше агресија. Тие толку многу се жалат па понекогаш судиите носат одлуки во нивна корист. Мене ми се чини дека Рамос заслужи црвен, но ниту судијата ниту пак мојот „пријател“ Матеу (судијата во ВАР собата со кого дефанзивецот не се мириса многу) некако успеаа да не го забележат потегот“ – вели Пике.
Моментот од мечот кога Рамос му се правдаше на Пике можете да го видите ТУКА.