Сити се плаши од казна и забрана за трансфери па летоска ќе потроши 200 милиони фунти на засилувања

by
1 минути читање

Манчестер Сити е под истрага од ФИФА и голема е веројатноста да добие казна како и Челси, забрана за трансфери во два преодни рока.

Што и да се случи, во летниот преоден рок Манчестер Сити ќе може да купува играчи. Од тие причини клубот е подготвен следниот преоден рок да го искористи максимално со што полесно ќе ја преживаа забраната за трансфери во периодот потоа.

„Не знам што ќе се случи, но размислуваме за тоа. Има три четири позиции кои мислам дека можеме да ги засилиме и имаме некои идеи. Не знам на крајот што ќе се случи, но да, една од опциите е да купиме лев бек“, вели Пеп Гвардиола.

Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити е подготвен да потроши 200 милиони евра во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани