„Нероаѕурите“
можат да го загубат третото место на табелата откако со празни раце се враќаат
од гостувањето во Сардинија.
Домаќините
одлично го започнаа натпреварот, запретеа неколку пати во воведните минути и го
отворија резултатот по половина час игра. По нафрлување од прекин, Чепители
скокна највиско и го матираше Хандановиќ.
Неколку минути
подоцна Каљари имаше шанса за 2-0 но Хандановиќ со одлична интервенција го
спаси својот гол. За ова промашување, казната стигна во 38. минута. Наинголан
нафрли а Мартинез со глава биеше прецизно на првата статива за 1-1.
Сепак, пред
крајот на првиот дел Паволети закачи еден волеј и го матираше Хандановиќ за 2-1
во 43. минута од мечот.
Интер во
продолжението од натпреварот се обиде да се врати во игра, Политано имаше голема
прилика на стартот од вториот дел но Крањо покажа одличен рефлекс и спречи ново
реми. Голманот на Каљари потоа имаше уште неколку добри интервенции, особено
онаа во 85. минута кога го сопре обидот на Мартинез.
Во последните
мигови, Каљари можеше и до трет гол, но Барела промаши пенал.