Шампионот на Италија за провизии одвоил 37 милиони евра, од кои 6 милиони како трошок се запишани во првите шест месеци од оваа финансиска година.
Изненадувачки, најмногу се офајдил агентот на Емре Џан. Германецот со турско потекло во Торино пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Ливерплул, па за оваа зделка, неговиот агент си „лапнал“ провизија од 15.86 милиони евра.
Што се однесува за најголемиот трансфер изминатово лето и ангажманот на Кристијано Роналдо за историски 112 милиони евра, агентот Жорж Мендеш инкасирал 11.5 милиони евра.
Добро се офајдил и агентот на Миралем Пјаниќ, за новиот договор на кој потпис стави неговиот клиент тој заработил 2.22 милиони евра.
За враќањето на Леонардо Бонучи во Торино, неговиот агент добил 200.000 евра, а агентот на Гонзало Игуаин добил 800.000 евра за тоа што го однесе Аргентинецот во Милан.
