Мажиќ на слатки маки во Кина, не може да разликува Кинези (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Најдобриот српски
арбитар Милорад Мажиќ дебитираше во кинеската Суперлига откако ја делеше
правдата во градското дерби помеѓу Шангај Шенуа и Шангај СИПГ, дерби кое
гостите го добија со убедливи 0-4.

На дербито настап
имаа и поранешниот фудбалер на Интер, Гуарин, кој си постигна автогол, како и
Оскар кој во минатото ги бранеше боите на Челси, кој постигна еден од четирите
погодоци за победничкиот табор.

Токму над Оскар
беше направен прекршок од Џа Џун, кој претходно веќе имаше добиено жолт картон,
а по тој прекршок требаше да добие и втор, а по автоматизам и црвен картон, но,
Мажиќ наместо Џун, во соблекувалната го испрати Шил Лин.

Србинот се
корегираше со помош ВАР технологијата за истата да му го посочи фудбалерот кој
требаше да биде испратен предвреме во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани