Аргентинецот
конечно се огласи откако остана без капитенската лента и синоќа објави писмо
полно со емоции. Некои ова го сметаат како збогување, други како желба на Мауро
Икарди да остане, но како и да е, постот на Инстаграм ги налути лидерите на
Интер, и тоа поради неколку причини.
Како што пишува
„Газета дело спорт“, на управата на клубот не и се допаѓа тајмингот на
напаѓачот. Писмото е објавено на 24 часа пред незгодното гостување кај Каљари.
Вечерва во Сардинија, Интер ќе се обиде да се регрупира и да им се врати на
победите откако во претходното коло остана без трите бода во 101. минута од мечот
под скандалозни околности. Милан и Рома се добложија па на Интер очајно му е
потребен триумф за да го задржи третото место на табелата, а писмото може само да го дестабилизира тимот и да ја наруши атмосферата.
„Нероаѕурите“ се
разочарани и огорчени и поради тоа што Мауро Икарди решава да говори преку
социјалните мрежи, најлесниот начин да се предизвика конфликт и да се одврати
фокусот од теренот. Тие му порачале дека недоразбирањта треба да се разрешат во
соблекувалната, зад затворени врати, но тој одбива да го стори ова.
Интер исто така
верува дека тие му кажуваат едно на Икарди, а тој прави друго. Бепе Марота и
Пјеро Аусилио од поодамна побарале од Аргентинецот и неговата сопруга да не се
експонираат многу и да не привлекуваат внимание. Но и покрај тоа, Ванда
постојано на телевизија го напаѓа клубот и тимот а испраѓа и криптични пораки
на социјалните мрежи за сегашноста и иднината на Мауро. Во последно време
истото го прави и Икарди, кој пред неколку дена објави слика од себеси со капа
на која пишува „Фридом“ (слобода) и дополнително ги подгреа гласините дека сака
да замине од Џузепе Меаца.
На лидерите не им
се допаѓа и тоа што во писмото, Икарди постојано збори во прво лице, никогаш не
корсти „ние“ за групата со која заедно има одиграно стотици натпревари и заедно
имаат поминато низ многу проблеми изминативе години.