Роберто Манчини
тврди дека се’ било
договорено за Даниеле Де Роси да направи трансфер во Манчестер Сити во периодот
кога италијанскиот фудбалски стратег беше на кормилото на Премиерлигашот, но,
фудбалерот од средниот ред се повлекол во последна минута.
Манчини беше
тренер на Сити во периодот од 2009 до 2013. година, освојувајќи ја титулата во
Премиерлигата, во Даниеле Де Роси, гледал клучен играч кој можел да му помогне
во остварувањето на амбициите, но, фудбалерот едноставно не можел да прифати да
си замине од Рома.
„Цела ноќ
разговаравме, преговаравме…“ рече Манчини за Ил Месаџеро.
„Се’ беше договорено, но, тој се повлече во
последна минута, ми се јави и ми рече: Не можам да поминам низ сево ова…“ откри поранешниот шеф на стручниот
штаб на англискиот првак, притоа додавајќи дека бил повреден и налутен по таа
ситуација.
„Бев повреден, а
воедно и налутен, тоа се случи одамна, кога Даниеле беше во средината од
својата кариера, ние ќе направевме се’ за тој да уживаше во тој клуб, во него гледав клучен играч“ заклучи
Манчини.