Дефанзивецот на
Барселона, Џерард Пике го критикуваше шпанскиот прес дека повеќе е фокусиран на
ВАР технологијата отколку на оние лица кои се по затворите од политички
причини.
Пике оваа изјава
ја дава алудирајќи на долго поставуваното прашање околу независноста на
Каталонија, каде и до овој момент се водат судски процеси против лица кои лани
учествуваа во организацијата на референдумот за таа покраина.
„Шпанските
медиуми повеќе треба да се фокусираат на политичките затвореници, отколку на
ВАР“ рече Пике.
„Тоа е голема
неправда, луѓето мора да знаат што точно се случува, можеби Шпанија би била
многу подобра доколку се концентрираме на поважните работи и предупредувања
околу нас“ додаде тој.
Пике претходно
имаше големи реакции со негативна конотација по неговата инволвираност во однос
на доста чувствителното прашање, беше исвиркуван од шпанските навивачи, а
веројатно со оваа изјава дополнително ќе си стави притисок на себе, а можеби
посакува и да ја спушти топката на земја.