Рамос не сакаше нов срам, еве што им довикуваше капитенот на соиграчите по „паненката“ на Суарез за 0-3 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последните
десетина години, „каталонците“ лесно се справуваат со Реал на гостувањата на
Бернабеу. Во пресрет на синоќешниот дуел, Барса славела дури
девет пати на
последните 16 „Ел класико“ пресметки на Бернабеу

Веројатно долго
ќе се памети спектакуларната победа од 2-6 во 2009, а пред четири години, Барса
се прошета до триумф од 0-4.

Па Серхио Рамос синоќа не сакаше нов срам, и откако Суарез со „паненка“ донесе предност од 0-3 и го реши патникот во финалето од Копа дел Реј,
капитенот на Реал почна да им довикува нешто на соиграчите кога тргнаа да
изведат од центар.

„Ајде, ајде… Ќе
ни дадат шест…играме до крај“
– беше пораката на дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×