Челси со еден шут во рамките на голот стигна до победа од 2-0, десеткуваниот Јунајтед лесно се справи со Палас (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Фаворитите по
планот во 28. коло од Премиерлигата. Ливерпул со убедливи 5-0 го совлада
Ватфорд. Мане погоди два пати во воведните 20 минути, Ориги стрелаше прецизно
во 66. минута за 3-0 а Ван Дајк во завршницата два пати се запиша во листата на
стрелци за убедлива победа откако на претходните два меча „црвените“ не
постигнаа ниту еден гол.

Манчестер Сити го
задржа чекорот со лидерот на табелата откако со минимални 1-0 славеше над Вест
Хем. Кун Агуеро од пенал ги обезбеди трите бода.

Во битката за топ
четири, Арсенал со 5-1 славеше над Борнмут. Стрелци за домаќините беа Озил,
Мхитарјан, Косјелни, Обамејанг и Лаказет, додека Мусет го постигна единствениот
погодок за гостите.

И покрај
големитепроблеми со повредите, Манчестер јунајтед триумфираше на гостувањето
кај Кристал Палас. Лукаку со два погодока го трасираше патот кон победата, Вард
намали на 1-2, а Јанг во финишот од мечот ги реши дилемите.

Во дербито на
Лондон, Челси го совлада Тотнем и го задржа чекорот со ривалите. Избраниците на
Сари имаа само еден шут во рамките на голот, а на крајот славеа со 2-0. Педро
на стартот од вториот дел погоди за 1-0, а во завршницата, Трипие реагираше
неспретно и ја затресе сопствената мрежа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани