91
Кепа Аризабалага доби уште една казна, овој пат воспитна од тренерот Маурицио Сари кој го седна на клупата за вечерашниот меч против Тотнем.
Италијанскиот стратег пред натпреварот изјави дека можеби ќе го седне Кепа на клупата, токму тоа и го направи, Кабаљеро вечерва ќе биде стартер на голот на Челси.
Паричната казна од една неделна плата и денешното изоставување од стартниот тим, наговестуваат дека инцидентот не бил само едно недоразбирање како што тврдеа двете страни.
Стартниот тим на Челси: Кабаљеро, Аспиликуета, Рудигер, Луиз, Алонсо, Жоргињо, Ковачиќ, Канте, Педро, Азар и Игуаин.
Стартниот тим на Тотнем: Лорис, Трипие, Санчез, Алдервирелд, Дејвис, Винкс, Сисоко, Ламела, Ериксен, Сон, Кејн.