Се најавува жесток пречек, а Барселона на Бернабеу игра како дома!

by
1 минути читање

Реал Мадрид вечерва ја пречекува Барселона, натпреварот ќе почне со 1-1, резултат остварен во првиот полуфинален дуел од Купот на Шпанија. Поради правилото гол во гости, кралскиот клуб е фаворит, Барса мора да постигне најмалку еден гол.

Се најавува жесток пречек и одлична атмосфера креирана од фановите на Реал Мадрид, но статистиката од последните години покажува дека Барселона на Бернабеу игра дури и подобро отколку на својот терен.

На последните 16 класика играни на Бернабеу, почнувајќи од познатите 2-6 во 2009 година, Барселона победила дури девет пати, Реал на својот терен славел само четири пати, а три средби завршиле нерешено.

И на Камп Ноу статистиката е во прилог на Барселона, но малку поумерена отколку на Бернабеу. Во последните десет години Барселона на својот терен 17 пати го пречекала Реал Мадрид. Остварила седум победи, шест пати било реми, а Реал Мадрид исто како и на свој терен славел четири пати.

Очигледно Реал Мадрид кога игра на свој терен има проблем и со притисокот пред своите навивачи да се победи најголемиот ривал. Пред нив сега се две шанси една по друга за да ја подобрат статистиката, дали ќе успеат, ќе видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×