Не е само Сари, Кепа во соблекувалната се расправал и со Кабаљеро, го понижил со дрзок коментар

by
1 минути читање

Кепа во неделата
на Вембли креираше сцени кои ретко се гледаат и одби да го напушти теренот кога
четвртиот судија го крена семафорот со неговата бројка.

Вили Кабаљеро
стоеше покрај аут линијата и се спремаше да влезе за да брани во пенал серијата
против својот поранешен тим и играчи кои добро ги познава, но младиот Шпанец
инсистираше да остане и по натегање од неколку минути играта продолжи без да
биде направена замена.

Маурицио Сари,
кој беснееше крај аут линијата и за малку ќе ја искинеше тренерката за време на
инцидентот, по крајот на мечот се обиде да ги смири страстите и кажа дека се
работело за недоразбирање а и Кепа подоцна ја потврди оваа приказна.

Сепак, дека не
било толку едноставно пишуваат медиумите од Англија. Вчера имаше стории за тоа
дека Сари му се дерел на голманот во соблекувалната, а денеска се говори и за
расправија помеѓу Кепа и Кабаљеро.

Весникот Сан
пренесе дека двајцата голмани имале што да си кажат во соблекувалната, а
младиот Шпанец со дрзок коментар го понижил својот постар колега, и му рекол
дека останал да брани пенали бидејќи е подобар голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани