Ванда: Многу сопруги на фудбалери ми се смејат, но…

by
2 минути читање

Ванда Нара,
сопругата а воедно и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, вели дека тоа
што таа го прави е револуција во фудбалот, а освен тоа што тврди дека
Аргентинецот има целосна доверба во неа, додава и дека Милано е прва опција за
напаѓачот, односно, останувањето во редовите на Нероаѕурите е прва опција.

Вистината е дека
Мауро има уште две години во договорот со Интер, ние се чувствуваме одлично
овде
“ вели таа во интервјуто за Генте.

Размислуваме
сериозно на тоа како да ги забрзаме работите и да ги решиме на најдобар начин
за Интер и Мауро, постојат промени во клубот, истиот има нов директор (Бепе
Марота), Милано е мојот втор дом, сите мои деца се Италијанци, освен
единственото дете родено во Аргентина, Валентино, но, ние брзо се вративме тука

додаде Ванда.

Секогаш
повторувам дека е лесно да се биде претставник на Мауро, тој е многу важен
фудбалер во Европа, се
што
се решава околу вас нуди можност за озборување, ова е мачо свет и тоа што јас
го правам е револуционерно, поврзаноста на жените во фудбалот е повеќе поврзано
со тоа да седат дома со децата и да бидат тивки, ова што јас го правам е
револуционерно, имам пријателки кои се сопруги на фудбалери и многу од нив ми
се смејат, ова што јас го правам тие го гледаат од чуден агол, но ме прашувале
да ги претставувам нивните сопрузи
“ заклучи сопругата а воедно и агент на
Икарди.

Токму кон Ванда
беше вперен прстот поради проблемите во кои навлезе Икарди, откако на
Аргентинецот најпрво му беше одземена капитентската лента во тимот, а притоа
тој одби да биде дел од составот на Интер за гостувањето кај Рапид Виена во меч
од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани