На денешната прес конференција во пресрет на колото од Премиерлигата, Сари го предупреди Кепа дека можеби нема да брани против Тотнем.
И покрај тоа што и Сари и Кепа изјавија дека проблемот е надминат, сето тоа било недоразбирање, а голманот доби и парична казна од клубот, италијанскиот стратег не ја отфрли можноста да му одржи уште една лекција на Шпанецот.
„Не знам дали ќе брани Кепа, треба да одлучам. Можеби да, можеби не“, изјави Сари.
„Сакам да испратам порака до мојот тим. Пораката може да биде Кепа на теренот, или Кепа надвор од теренот, ќе видам“.
„Тој направи голема грешка, и има последици за тоа. Доколку тие се да игра, треба да биде подготвен да игра, доколку се да биде на клупа, треба да биде подготвен да седи на клупа“.
„Зборував со Кепа, потоа зборувавме сите заедно. Тој се извини на стручниот штаб но тоа не беше доволно. Потоа се извини на соиграчите и на клубот. Направи голема грешка, но не сакаме да го убиеме“.