Французите им даваат поддршка на своите, Рен доби дополнително време да се подготви за Арсенал!

by
1 минути читање

Лил требаше во сабота да му гостува на Ним во француската лига, пет дена пред нивниот дуел против Арсенал во Лига Европа, но натпреварот е одложен со цел да добијат повеќе време за подготовка за дуелот со топчиите.

Рен во среда игра против Орлеан во осминафиналето од Купот на Франција, а потоа ќе имаат повеќе од една недела за да се подготват за дуелот со Арсенал, дури осум дена.

„Со цел да му овозможиме на Рен да се подготви на најдобар можен начин за осминафиналето од Лига Европа против Арсенал, „Лиг де Фудбал Професионел“ (ЛФП) го прифати барањето на клубот за одложување на мечот меѓу Ним и Рен“, стои во соопштението на ЛФП.

Со оваа француската лига покажа дека се грижи за добар настап на своите екипи во Европа за разлика од Премиерлигата која никогаш не ги поместува закажаните натпревари.

Рен ќе има осум дена за одмор и подготовка, а Арсенал утре игра со Борнмут, а потоа во сабота ќе се сретне со Тотнем во големото дерби на Северен Лондон.

Се уште не е јасно дали ЛФП ќе го одложи и мечот на Рен против Каен кој се игра меѓу двата дуели со Арсенал. Топчиите меѓу двата дуели со Рен играат уште едно дерби, овој пат против Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани