719
Интер беше пред победа против Фиорентина, но судијата свирна чуден пенал во 95. минута од натпреварот. Потоа ја прегледуваше снимката, но одлуката не ја промени иако сите видоа дека топката го удира Данило Д’Амброзио во градите а не во раката.
Генералниот директор на Интер, Бепе Марота грмеше против судијата велејќи дека неговата одлука му прави штета на клубот бидејќи загубени се два бода на важен меч.
Фудбалската федерација на Италија го суспендира судијата Росарио Амбисо и тој нема да може да суди меч во Серија А до 24. март.
Дополнително, тој нема да суди на ниту еден натпревар на Интер до крајот на оваа сезона.