Мурињо посочи во каков клуб сака да работи и го пецна Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Португалецот не зборуваше за имиња на клубови, но кажа дека сака да работи некаде каде што сите структури на клубот имаат исти идеи и наместо конфликт меѓу нив, има разбирање и доверба. Со ова индиректно сака да каже дека Манчестер јунајтед не му го овозможил тоа, како позитивен пример го наведе Интер.

„Клуб кој се уште не е подготвен за големи трофеи, но со амбиција да освојува големи трофеи“, вели Мурињо.

„Сакам да работам со луѓе кои ги сакам. Луѓе со кои сакам да работам, со кои сум среќен да работам со кои делиме исти идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт меѓу тоа што сакам јас и што сакаат другите“.

„Такво нешто имав во Интер. Има такви клубови. Нормално, тоа е многу важен дел за успешен клуб“.

„Не сакам внатрешен конфликт. Сакам внатрешно разбирање. А конфликтот е во недела на теренот кога играте против некој кој сака да ги украде вашите три бода. Тоа е моментот на конфликт“.

„Сакам да работам во клуб каде има вистинска структура. Не сакам да работам во структура која не мисли единствено. Луѓето понекогаш зборуваат „тој тренер не сака да работи со спортскиот директор“, „тој тренер не сака да работи со главниот скаут“, „тој тренер не сака да работи со сопственикот“, „тој тренер не сака да работи со претседателот“. Во текот на мојата кариера сум работел во секакви можни ситуации. Најуспешните ситуации не се поради структурата, туку поради разбирањето во структурата“.

„Луѓе ои работат добро заедно. Луѓе ои делат неои исти идеи. Тоа е најважната работа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани