Откриено зошто Ливерпул не го купил Ван Дајк за 12 милиони фунти, а и Арсенал го одбил Холанѓанецот

by
2 минути читање

Холанѓанецот кога
играше во Селтик беше следен од голем број на клубови, но гигантите од
„Островото“ беа резервирана па Саутемптон стигна до потписот на Вирџил ван
Дајк.

На „Сент Мерис“
тој се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиерлигата, па
Ливерпул во јануари оваа година издвои рекордни 75 милиони фунти за неговите
услуги.

Поранешниот
асистент на Селтик, Џон Колинс открива како „црвените“ пропуштиле да го купат
за 12 милиони фунти, а и Арсенал направил голема грешка и го одбил играчот.

„Главниот скаут
на Арсенал сметаше дека Ван Дајак игра малку ноншалантно“
– вели Колинс. „Да,
ова можеби е точно, но тој има еден куп други квалитети како брзина, сила, баланс, дистрибуција на топка, а добар е
и во воздушните дуели“.

„Гери Мекалистер
во тоа време беше асистент на Брендан Роџерс во Ливерпул, му се јавив и му
кажав дека треба да дојдат и да го купат Вирџил. Но Брендан Роџерс не бил
сигурен дека Ван Дајк е подобар од дефанзивците кои ги имаат на располагање и
не се случи ништо“.

„Ќе ги чинеше
околу 12 милиони фунти. Многу клубови го следеа, но имаа одредени прашалници
бидејќи квалитетните партии кои ги пружаше беа против играчи од првенството на
Шкотска. Но уште тогаш можеше да се каже дека е силен, моќен и прилично
балансиран играч“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани