По поразот од
Ливерпул, Жозе Мурињо минатата недела доби отказ а на негово место, привремено
до крајот на сезоната, беше назначен Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот сега
треба да го изгасне пожарот во соблекувалната откако „Специјалниот“ се испокара
со целиот тим и да го врати клубот на победнички патеки.
Титулата е
недостижна па во продолжението од сезоната главна цел ќе биде топ четири финиш. Според пишувањата на Мирор, на
Оле Гунар Солскјер му бил ветен бонус од 2 милиони фунти доколку ги однесе
„ѓаволите“ во Лигата на шампионите.
Ед Вудворд очајно
посакува пласман во најелитното европско натпреварување бидејќи без Лига на
шампиони, Манчестер јунајтед ќе остане покус за 40 милиони фунти, а ќе има и
потешкотии да ги привлече најголемите имињата.
Клубот од Олд
Трафорд заостануваше 11 бода зад местата кои водат во Лига на шампиони кога
Жозе Мурињо доби отказ, но Оле Гунар Солскјер веднаш скрати три бода откако ги
предводеше „ѓаволите“ до убедлив триумф над Кардиф, а Челси неочекувано загуби
дома од Лестер.