Хрватска воведува ВАР технологија од следната сезона

by
1 минути читање

Од идната сезона ВАР технологијата ќе дојде и на Балканот, Хрватска прва ќе ја има честа да го почне овој нов момент во фудбалот.

Клубовите единствено што ќе треба да направат е на своите стадиони да обезбедат соба за ВАР судиите.

Трошокот ќе биде милион до милион и пол долари, а дури 80% од тој износ ќе го покрие ФИФА, а остатокот Хрватската фудбалска федерација.

Судиите ќе треба да поминат едукација која се состои од седум чекори. А ВАР технологијата ќе биде присутна на сите натпревари од Првата хрватска фудбалска лига. Оваа сезона би можела да се примени во финалето од хрватскиот куп, како и на некој лигашки меч со цел да се тестира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани