68
Арсенал и Ремзи не успеаа да се договорат за продолжување на соработката, па велшкиот фудбалер во јуни ќе стане слободен играч.
Се шпекулира дека ПСЖ, Интер и Јувентус се дел од клубовите кои се заинтересирани за Ремзи, а најконкретен е италијанскиот шампион.
Со оглед на тоа дека би го донеле како слободен фудбалер и нема да платат обесштетување за него, Јувентус му нуди богата плата на Ремзи од 10 милиони евра по сезона.