Големи промени во Манчестер јунајтед по отказот на Мурињо, раководството се обидува да го врати клубот на врвот и на почетокот влече потези кои им се допаѓаат на навивачите.
„Сан“ пласира утринска бомба, Сер Алекс Фергусон повторно ќе има влијание, тој ќе му биде советник на Оле Гунар Солскјер. Двајцата ќе имаат постојан контакт со цел тимот да почне да го користи сиот свој потенцијал и оваа сезона да заврши во топ четири на табелата.
Фергусон е најзаслужен и за враќањето на Мајк Фелан на позицијата асистент, тој го убедил човекот со кој три пати ја освојуваше Премиерлигата да се врати и да биде во стручниот штаб на Солскјер.
Можно е уште едно големо враќање, Питер Шмајхел размислува да стане фудбалски директор во Манчестер јунајтед.
„Размислувам да се вратам таму и повторно да бидам инволвиран во клубот. Имам енергија и образование, но не гледав позиција на која ќе можев да дадам некој поголем допринос, и сега ја гледам таа голема идеја за директор за фудбал во Манчестер јунајтед“, изјави Шмајхел за „Би би си“.
Во наредниот период ќе се знае дали и Шмајхел ќе добие улога во клубот, но како и да е во Манчестер јунајтед има возбудлив период за вистинските фанови.