Во последниот натпревар од 18. коло во Премиерлигата, Евертон на домашен терен беше декласиран од Тотенхем.
„Карамелите“ добро го започна мечот, поведе со голот на Волкот во 21. минута, а мрежата на Тотенхем ја затреси и Калверт Луин, чиј погодок сепак беше поништен поради контакт на напаѓачот со еден гостински дефанзивец.
Но еден нов кикс на Пикфорд ги врати „Спарси“ во игра. Голманот непотребно излезе на една долга топка, не се разбра најдобро со Зума, па Сон изедначи на 1-1.
Гостите потоа ја искористија психолошката предност, притиснаа силно, Деле Али погоди за 1-2 во 35. минута а пред крајот на првиот дел, Кејн се најде на право место и реализираше за 1-3 откако слободниот удар на Трипие заврши во стативата.
Кристијан Ериксен на стартот од вториот дел најави тежок пораз за Евертон, Сигурдсон само три минути подоцна малку ја врати надежта кај домаќините, но лошата игра во одбраната придонесе Пикфорд да капитулира уште два пати. По еден час игра, Сон зголеми на 2-5, а во 74. минута својот втор гол го постигна и Кејн.
Со оваа победа, Тотенхем му се доближи на Манчестер Сити на два бода, и направи +5 во однос на Челси и Арсенал.