Милинковиќ Савиќ постигна гол по три месеци па се расплака! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Популарниот СМС изминатово лето се поврзуваше со голем број на клубови, се шпекулираше со луди суми и до 150 милиони евра, но Лацио го задржа и го награди со нов побогат договор.

Но сезоната лошо почна за Сергеј Милинковиќ Савиќ, па се почесто на негова адреса стигнуваа критики и навреди од фановите.

Тој по 90 дена конечно постигна гол, денеска ја затресе мрежата на Каљари, и многу емоционално го доживеа целиот момент па наместо да слави, се расплака.

Изминативе денови Србинот е актуелен поради најавите за трансфер во Милан во јануари но за двојно помала сума од онаа од летоска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×