Реал Мадрид имал скаути на дербито Рома – Интер

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер испратил скаути
за дефанзивецот од редовите на Рома Костас Манолас, односно напаѓачот на Интер,
Мауро Икарди, и тоа за дербито во Серија А изминатиот викенд кое на Олимпико
заврши без победник, со резултат 2-2.

Тутомеркато
пишува дека на трибините од арената во Рим имало претставници на европскиот шампион,
кои под будно око го следеле настапот на Манолас, односно Икарди.

Подолг период
Икарди е опција за шпанскиот гигант, Аргентинецот има откупна клаузула во
договорот со Нероаѕурите во висина од 110 милиони евра, со важност во јули (1-15).

Гркот Манолас
пак, има откупна клаузула во договорот со Римската волчица во висина од 36
милиони евра, а за него интересот е исто така голем од европските гиганти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани