Лука Модриќ за
многумина очекувано, ја освои престижната награда „Златната топка“, а
претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, смета дека никој не може да
прашува дали Хрватот бил најдобар во светот на фудбалот за 2018. година.
„Модриќ имаше
една неверојатна година во која тој ги обедини сите награди, никој не може да
прашува дали тој е најдобар“ рече Перез по церемонијата.
„Задоволство е да
се гледа како игра на теренот, начинот на кој ја контролира топката, неговите
додавања, обиди кон противничките голови…“ додаде првиот човек на Реал
Мадрид.
„Модриќ има таков
карактер што остава големи импресии до сите со кои се среќава, тој има можност
да го направи спортот место каде луѓето се обединуваат, а не личност која
создава конфликти“ заклучи Перез.