Познати полуфиналните двојки во Лигата на нации

by
1 минути читање

Домаќинот Португалија во полуфиналето ќе игра против Швајцарија, а Холандија ќе се сретне со Англија.

Овие четири репрезентации ќе се борат за првиот трофеј во Лигата на нации, а домаќин на завршниот турнир е Португалија.

Распоредот на натпревари:

5. јуни: Португалија – Швајцарија (Порто, 20:45 часот)

6. јуни: Холандија – Англија (Гимараеш, 20:45)

9. јуни: Меч за третото место (Гимараеш, 15:00)

9. јуни: Финале (Порто, 20:45)

Репрезентацијата која ќе го крене првиот трофеј во Лигата на нации ќе добие награда од УЕФА од 7,5 милиони евра, финалистот 6,5 милиони евра, третиот 5,5 милиони евра и четвртата селекција ќе заработи 4,5 милиони евра.

Сите овие четири репрезентации веќе инкасираа по 3 милиони евра, 1,5 за самото учество во Лига А и уште по 1,5 за освоеното прво место во својата група.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани