64
Барса им се врати
на победите во Ла Лига, на домашен терен избраниците на Валверде беа подобри од
Виљареал.
Резултатот беше
отворен во 36. минута, по една нафрлена топка, Пике најдобро се снајде во
противничкиот шеснаесетник и погоди за 1-0.
Трите бода беа
осигурани во 87. минута кога младиот Алења го постигна својот деби гол во Ла
Лига. 20 годишниот Шпанец доби шанса поради големиот број повреди, и покажа
дека во иднина може повеќе да се смета на него.
Откако доби топка
во фор, Алења убаво забележа дека голманот на Виљареал излегува па мајсторски
ја префрли топката преку Асенхо за 2-0.