Во натпревар кој
веројатно сите очекуваа бодовите да бидат поделени, среќата му се насмевна на
Ливерпул во последните секунди.
Се играше 96.
минута од мечот, домаќините го имаа последниот напад, следеше долга топка и
катастрофален волеј на Ван Дајк од работ на шеснаесетникот. И додека Холанѓанецот разочарано тргна да се враќа на својата половина, Пикфорд се посрамоти, реши да интервенира и ја закачи
доволно топката за таа да се одбие од гредата и да се врати во теренот, каде
Ориги ни крив ни должен ја смести во празната мрежа за огромна радост на
„Црвените“.
Голманот на
Евертон доколку ја оставеше топката таа сигурно ќе завршеше во гол-аут, а и
доколку не беше сигурен можеше да ја избоксува во корнер и тука веројатно ќе
завршеше мечот, но вака му подари три бода на противникот.