60
Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски конечно се радува на победа на „Ваљекас“. Вечерва малиот тим од Мадрид триумфираше со 1-0 над Еибар, кој минатото коло приреди големо изненадување и славеше со 3-0 над Реал.
Македонецот беше еден од најзаслужните откако во првиот дел имаше неколку интервенции, а особено се истакна по ударот на Џордан и спречи гостите да стигнат до водство.
По само неколку минути во продолжението од мечот, Ембарба погоди за 1-0 и донесе три бода.