Реномираниот француски весник во понеделник треба да го прогласи најдобриот фудбалер во годината и да му ја додели престижната награда „Златна топка“.
Медиумите од Франција и Шпанија веќе пренесоа дека Лука Модриќ ќе се закити со ова признание, а со слична вест сега излегоа и медиумите од Италија.
„Скај Италија“ пренесе дека Лука Модриќ ќе биде победник во изборот на „Франс Фудбал“, пред Кристијано Роналдо и Антоан Гризман.
Медиумите исто така додава дека токму поради ова, ЦР7 нема да се појави во понеделник во Париз на церемонијата, а отсутен најверојатно ќе биде и фудбалерот на Атлетико Мадрид.
Лука Модриќ веќе го победи Кристијано Роналдо до две индивидуални признанија, беше прогласен од УЕФА и ФИФА за фудбалер на годината, а Португалецот револтиран од тоа што загуби, не се појави на настаните кои ги организираа европската и светската куќа на фудбалот.