Алексис Санчез го чека подолга пауза, Мурињо открива како веднаш знаел дека е сериозна повреда

by
1 минути читање

Чилеанецот на
вчерашниот тренинг ја повредил задната ложа и се верува дека за него годината е
завршена. Медиумите шпекулираат со пауза до шест недели, а Жозе Мурињо вели
дека веднаш знаел дека се работи за нешто сериозно.

„Се уште не се
направени детални тестови, играчот ќе замине на скен денеска, но Алексис е
искусен, знае за каква повреда се работи, а и јас сум доволно искусен и од
болниот вресок и начинот на кој се повреди, знам дека го чека долга пауза“

изјави тренерот на „ѓаволите“ на денешната прес конференција.

„Не се работи за
ситна повреда на мускулот за која е потребн една недела или десет дена за
играчот да биде подготвен за настап“.

„Од искуство би
рекол дека ова е агресивна повреда на мускулот, и не очекувам да заигра
повторно оваа година“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани