Челси му даде четири гола на ПАОК (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси го доби и
петтиот натпревар во петтото коло од групната фаза во Лига Европа, овој пат
настрада тимот на грчки ПАОК. Сари им даде шанса на тие што помалку играат во
Премиерлигата, но и тие беа пресилни за противникот.

Жиру даде два
гола во првото полувреме, Худсон Одои зголеми на 3-0 во вториот дел, а на десет
минути пред крајот и Мората се запиша во листата на стрелците кои влезе на
местото од Жиру неколку минути претходно.

И Ајнтрахт дојде
до петтиот триумф и тоа со победа над Марсеј од 4-0, се очекуваше дека францускиот
тим ќе пружи посилен отпор но тоа не се случи.

Јовиќ беше стрелец
на два гола, а останатите два беа автоголови на играчи на Марсеј.

Глазгов Ренџерс и
Виљареал одиграа без голови, Севиља со 1-0 загуби на гостувањето кај Стандард
Лиеж. Пет голови имаше на мечот меѓу Сарпсборг и Вешикташ кој го добија гостите
со 3-2. Лацио загуби кај Аполон со 2-0, но тој пораз не боли бидејќи тие се
веќе пласирани во следната рунда. Рен со 1-0 славеше на гостувањето кај
Јаблонец, Малме и Генг одиграа нерешено 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани