Каква иронија, не даваат Барса и Жирона да играат во Мајами, а сега Бернабеу ќе биде домаќин на Ривер и Бока!

by
1 минути читање

Медиумите од
Аргентина пишуваат дека КОНМЕБОЛ го прецизирал местото и датумот кога ќе
треба да се одигра реваншот помеѓу Ривер и Бока.

Доколку
дисциплинската комисија не го дисквалификува Ривер, лутите ривали ќе се сретнат
во Мадрид на 9. декември. „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде домаќин а мечот ќе
започне во 20:30 (
по аргентинско време во 16:30) .

Петродоларите од Катар ја направија Доха прв избор, се шпекулираше со Мајами, Медељин и Асунсион. Но
Фудбалската федерација на Шпанија во последен момент доставила покана, притисок извршил и Џани Инфантино па на состанок одржан помеѓу Реал Мадрид, КОНМЕБОЛ и ФИФА, изборот
паднал токму на престолнината на Шпанија.

Сето ова делува
иронично со оглед на тоа дека Фудбалската федерација на Шпанија жестоко се
спротивстави на идејата Барселона и Жирона да играат во Мајами. На идејата меч од Ла Лига да се игра во странство
силно се противи и Реал Мадрид, кој сега ќе го отстапи својот стадион за две
екипи од друг континент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани