Анчелоти со порака до ПСЖ и Ливерпул: Сите треба да сме загрижени

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти вели дека неговата екипа со право
треба да биде загрижена, но, истото се однесува и на ПСЖ и Ливерпул, во однос
на последното и решавачко коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Наполи синоќа
славеше со 3-1 над Црвена звезда на домашен терен, а ПСЖ пред своја публика го
совлада Ливерпул со 2-1 во „Ц“ конкуренцијата, каде Италијанците се први со 9
бода, следат ПСЖ со 8, односно Ливерпул со 8, последна е Црвена звезда со 4
бода досега.

Веројатно никој
не очекуваше дека ќе бидеме на првото место во оваа тешка група, или дека ќе
биде непоразени, барем досега, по пет одиграни натпревари. Но, ние треба да сме
загрижени, но, истото важи и за ПСЖ и Ливерпул, бидејќи играњето во Белград не
е баш лесно
“ рече Анчелоти.

Со нетрпение го
очекуваме натпреварот кој е пред нас, нема да имаме голема поддршка на Енфилд
како што тоа ќе го има домаќинот, или, како што тоа го имаме на домашен терен,
но, веќе докажавме дека можеме да ги победиме, едноставно е, не можеме да
правиме калкулации, мораме само да отидеме таму по победа, ова е една
балансирана и исклучително тешка група, имаме некоја предност во однос на ПСЖ и
Ливерпул благодарение на петте одиграни натпревари, и мораме да го извлечеме
максимумот од нас во последните 90 минути
“ заклучи Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани