Јувентус и Сити тргнаа по Иско

by
1 минути читање

Јувентус и
Манчестер Сити пријавиле интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Иско, пишуваат
одредени медиуми во Шпанија, а сево ова доаѓа откако фудбалерот од средниот ред
на шпанскиот гигант одигра само 78 минути под кормилото на новиот тренер
Сантијаго Солари во петте натпревари досега.

Иско дури и беше
изоставен од дуелот со Рома во Лигата на шампионите, па мечот на Олимпико кој
Реал Мадрид го доби го проследи од трибините на Олимпико.

АС пишува дека
Јувентус прави обиди за Роналдо повторно да го добие за соиграч 26 годишниот
фудбалер, а идеите на италијанскиот шампион се овој трансфер да го реализира
идното лето.

Во Италија пак,
Тутоспорт наведува дека Бјанконерите ќе се обидат да ја искористат настанатата
ситуација помеѓу Солари и Иско за да го доведат во своите редови.

Сепак, Јувентус
ќе има голем ривал за потписот на Иско, и тоа од шампионот на Премиерлигата,
Манчестер Сити, а од таму во шпанскиот репрезентативец гледаат чекор повеќе во
остварувањето на своите високи амбиции во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×