Манчестер јунајтед е веќе „завршена приказна“ за Санчез?

by
1 минути читање

Алекс Санчез
според информациите кои пристигнуваат од Островот е очаен во намерата да ги
напушти редовите на Манчестер јунајтед, откако, наводно неговиот однос со
тренерот Жозе Мурињо е повеќе од разнишан.

Чилеанецот не
само што не е во преден план кај португалскиот стратег, туку веќе се здобива со
статусот „изоставен“ од натпреварите, таков беше случајот со мечот против Јанг
Бојс кого Премиерлигашот на домашен терен го доби минимално со 1-0, изборувајќи
место во елиминационата рунда од Лигата на шампионите.

Мирор пренесе
дека Чилеанецот веќе им се доверил на своите најблиски дека сака да си замине
од Олд Трафорд, а се шпекулира дека прва опција за офанзивецот е ПСЖ, а францускиот
шампион и претходно пријавуваше интерес за него во моментите кога се решаваше
помеѓу тој клуб и Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×