Kaj децата на Монако не се дораснати за Атлетико, па и Фалкао промаши пенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Клубот од малото
кнежевство изминатиов викенд ја забежа првата победа откако Тјери Анри седна на
кормилото, но експресно им се врати на поразите. Вечерва Монако загуби на
гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Тјери Анри реши
шанса да им даде на неколку тинејџери, но очигледно децата на Монако не се
дораснати за меч против Атлетико во најсилното европско натпреварување. Мрежата
на Бенаљо се затресе уште во 2. минута. Коке шутираше, топката се одби од Бадиашиле
и заврши во мрежата.

Гризман во 24.
минута зголеми н а 2-0. Французинот одлично се снајде и со надворешно ефе
пласираше на подалечната статива за нова радост.

Домаќините се
задоволија од оваа предност, не беа премногу расположени за надигруавање па
Монако доби шанса да се врати во игра. Во 83. минута од мечот Савиќ играше со
рака во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка но искусниот Фалкао
реагираше како почетник и го промаши целиот гол.

На вториот меч од
18:55 часот, Локомотив Москва со 2-0 ја совлада Галатасарај и остана во игра за
третото место во Групата Д кое носи настап во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани