Тони Крос дал
зелено светло за да му се приклучи на Манчестер јунајтед од редовите на Баерн
Минхен во 2013. година, според зборовите на Дејвид Мојс, поранешниот стратег од
клупата на Премиерлигашот.
Мојс беше
назначен за тренер на англискиот гигант по повлекувањето на Алекс Фергусон, а
токму тој имаше голема желба на трансфер пазарот, и тоа во германскиот
репрезентативец.
Крос тогаш имаше
уште две години од договорот со Баерн Минхен, а првично дал согласност за да се
пресели на Олд Трафорд, барем според зборовите на Мојс.
„Тони Крос
прифати да дојде во Манчестер јунајтед со мене“ вели Мојс во изјавата за Толкс
Спорт.
„Се сретнав со него
и неговата сопруга, ние се договоривме, во тој период тој беше дел од Баерн
Минхен“ додаде поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, а како причина за тоа зошто не дошло до трансфер на Островот, се вели дека Германецот потоа се предомислил.