Како Рајола ги „одра“ Јувентус и Јунајтед при трансферот на Погба, па ФИФА морала да ги промени правилата

by
3 минути читање

Французинот во
август 2016 се врати на Олд Трафорд за тогаш рекордни 105 милиони евра, плус
додатни 5 милиони евра во бонуси, но трансферот подоцна беше ставен под лупа
откако документите на „Фудбал Ликс“ открија дека Мино Рајола добил провизија од
неверојатни 49 милиони евра.

Светската куќа на
фудбалот на крајот реши да не казни никого за оваа зделка со образложение дека
немало доволно докази.

„Шпигел“ вели
дека мејлови помеѓу функционери во ФИФА откриваат дека телото кое ја спровело
истрагата побарало казна за Јувентус, но дисциплинската комисија го отфрлила
целиот случај бидејќи немало јасно прекршуање на правилата и стравувале дека ќе
го загубат процесот на суд.

Дисциплинската
комисија сепак признала дека трансфер како овој на Пол Погба е за прекор и дека
не треба да биде толелиран, па препорачала измена на правилата за во иднина да
може да се изрече казна за слични случаи.

Според
документите од „Фудбал ликс“, ФИФА го истражувала Јувентус за прекршување на
правилата за инволвираност на трета страна, кои на сила стапија од 2015.

Сомнително е тоа
што на 20. јули 2016, „Старата Дама“ потпишува договор со компанијата „Топскор
Спортс Лимитет“ која е во сопственост на Мино Рајола. Двете страни се
договориле дека во 2015 на трансфер пазарот немало поволни услови за да се
добие цената која Јувентус ја бара, но затоа пак во 2016 условите драстично се
промениле и тоа благодарејќи на активностите на Мино Рајола кој неумерно
работел за да го презентира Французинот во медиумите како „највредното парче на
пазарот“, креирал возбуда за можен трансфер и предизвикал „војна со наддавање“.

Минамлната цена
по која ќе биде продаде Пол Погба според овој договор е 90 милиони евра, а Мино
Рајола требал да добие фиксна провизија од 18 милиони евра. Контроверзниот
агент исто така ќе добиел и 3 милиони евра за секои 5 милиони евра над
минималната сума. На крајот, тој од Јувентус „лапнал“ 27 милиони евра на име на провизија.

Според правилата
на ФИФА, трета страна не смее да профитира од продажба на играч, а во случајов
Мино Рајола профитирал со начинот на кој бил регулиран договорот за провизија
помеѓу него и Јувентус.

Но ова не е
единствениот спорен момент. Мино Рајола не работел само за Јувентус, на 8.
август потпишал и договор со Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ му дале
задача да го донесе Пол Погба под прифатливи услови и за ова му платиле 22
милиони евра.

ФИФА не може да
го казни Мино Рајола зошто одговорноста за агентите од 2015 им е препуштена на
националните федереции. ФА не реагираше бидејќи според правилата во Англија,
агентот може да ги застапува сите три страни, доколку сите три страни го знаат ова.

Но „Шпигел“ вели
дека документите од „Фудбал ликс“ сугерираат дека „Ѓаволите“ не биле свесни
дека Мино Рајола работи и за Јувентус.

Контроверзниот
агент имал конфликт на интереси со оглед на тоа дека се борел за „Старата Дама“
да обезбеди што е можно повисока цена а со тоа да добие и поголема провизија, а
за Манчестер јунајтед пак требал да обезбеди што поповолни услови, односно
пониска цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани