ПСЖ за седум дена има
многу важен меч, на „Паркот на принцовите“ гостува Ливерпул. Доколку домаќините
не победат, а Наполи стигне до цел плен против Црвена звезда, тогаш „Светците“
ризикуваат да ја завршат авантурата во Лигата на шампионите уште во групната
фаза.
Во пресрет на
натпреварот синоќа пристигнаа лоши вести. Нејмар поради повреда превреме го
заврши пријателскиот дуел на Бразил против Камерун, а еден час подоцна, и
Килијан Мбапе беше принуден да го напушти теренот на тестот помеѓу „Триколорите“ и
Уругвај.
Шампионот на
Франција попладнево излезе со медицински билтен, Нејмар имал истегнување на десниот
адуктор, односно препоната, додека пак Килијан Мбапе се здобил со контузија на
десното рамо по незгодниот пад.
ПСЖ најави дека
двајцата играчи ќе добиваат третман во следните 48 часа по што ќе се направи
нова проценка на ситуацијата. Според медиумите, вестите за Бразилецот не се
добри. Вообичаено за ваков
тип на повреда се потребни десет дена пауза, со што тој би го пропуштил мечот
против Ливерпул.