Клоп пријавил интерес за најдобриот стрелец во Бундеслигата, но, ќе се соочи со голема конкуренција

by
1 минути читање

Ливерпул го стави
на списокот на желби најдобриот стрелец во моментов во Бундеслигата, Србинот од
редовите на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, но, Премиерлигашот ќе се соочи со
голема конкуренција во битката за неговиот потпис.

Јовиќ постигна
девет погодоци во шест натпревари во најсилниот германски фудбалски шампионат
во новата сезона, а статистиката вели дека тој постигнува гол во речиси секој
час минат на теренот.

Bild пишува дека
фантастичната форма на Јовиќ веќе го вклучила алармот во Ливерпул, а посебна
желба изразил Јирген Клоп, кој бод будно око го следи напаѓачот на Ајнтрахт
Франкфурт.

Како и да е,
Премиерлигашот ќе има голема конкуренција во своите намери, и тоа од Барселона,
а се споменува и Баерн Минхен како заинтересиран за услугите на Србинот.

20 годишниот
напаѓач е на позајмица во Бундеслигата од редовите на Бенфика, неговата
позајмица истекува идното лето, а со португалската екипа има важечки договор до
2021. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани