Лотито категоричен: Би го продале Милинковиќ-Савиќ, но, само во случај…

by
1 минути читање

Сопственикот на
италијанскиот прволигаш Лацио, Клаудио Лотито потврди дека клубот би го продал
Сергеј Милинковиќ-Савиќ само во случај да пристигне понуда која не се одбива
лесно.

Српскиот фудбалер
од средниот ред на Лацијалите го продолжи договорот со клубот до 2023. година,
но, тоа не го сопре големиот интерес за неговите услуги од повеќе европски
гиганти, шпекулациите велат дека Интер веќе има понуда која ги задоволува
финансиските услови на Србинот.

Во овие периоди
е доста комплицирано за еден фудбалер да остане во клубот целата своја кариера

рече Лотито во изјава за Калчомеркато.

Како и да е, на
Лацио му оди добро, нашите фудбалери покажуваат голема посветеност, веројатно
тие посакуваат да останат и со самото тоа што ние како клуб го правиме на
инфраструктурен план, со последните реновирања на нашиот тренинг центар
“ додаде
тој.

За жал, Лацио ја
нема економската моќ како на пример онаа на Барселона и Реал Мадрид, па така,
доколку пристигне понуда која не се одбива, тоа нема да биде никаков проблем за
нас
“ заклучи првиот човек на тимот од Рим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани